Разговорите за Нагорно - Карабах, конструктивни

Разговорите во Париз меѓу ерменскиот претседател Серж Саркисијан и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев беа „конструктивни, корисни и искрени“, соопшти официјален Ереван. Ерменскиот министер за надворешни работи, Едвард Налбандијан изјави дека двајцата претседатели разговарале за многу прашања во врска со решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах. Според него, претседателите разговарале и за мерките за градење доверба, предложени од страна на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Оланд ги повика двете страни да покажат „политичка волја“ да ги премостат разликите околу спорниот регион. За Оланд статус кво ситуацијата е неприфатлива.