Најмалку 18 луѓе затрупани во рудник во Турција

Најмалку 18 рудари денеска остана затрупани длабоко под земја во рудник за јаглен во реонот на градот Ерменек во турската областа Караман, на 500 килметри јужно од Анкара.

Во првичните извештаи од теренот се говореше за најмалку 30 рудари кои останале затрупани во јамата по експолозија, меѓутоа гувернерот на Караман, Мират Коџа подоцна информира дека во рудникот навлегле подзмени води, кои ги отсекле рударите од окното.

Тој информира и дека околу 20 рудари успеале безбедно да излезат од јамата.

Претсавникот на рудникот Шахин Ујар изјави дека рударите се наоѓаат заглавени на околку 300 метри под земјата. Според Ујар, шансите за спасување на рударите се многу мали, доколку тие не успеле да дојдат на безбедно место.

Во несреќа во рудник во градот Сома во западна Турција во мај годинава, загинаа 301 рудар, што претставува најголема рударска несреќа во турската историја.

Според Меѓународната организација на трудот (ИЛО), Турција се наоѓа на трето место по смртноста на работници на работните места.