Малала добитник и на Детската светска награда

2014

Пакистанката Малала Јусуфзаи која е еден од добитниците на Нобеловата награда за мир за 2014, денеска доби уште една престижна награда. Таа ја доби Светската детска награда, која медиумите уште ја нарекуваат „Детска Нобелова награда“. За наградата гласаат милиони деца во светот. Малала која има 17 години е најмладиот добитник на Нобеловата награда во историјата и единствена која во иста година ја добива и Детската награда. Наградата ќе и биде доделена утре во близина на Стокхолм, Шведска. Светската детска награда е востановена во 2000 година како дел од светската програма, каде децата учат за глобални прашања, демократијата и за своите права.