Протест на новинари во Косово, по нападот на нивен колега

Во Косово, новинари протестираа во главниот град Приштина, откако со нож беше избоден нивен колега, ден претходно. Новинарот работел во приватна ТВ компанија во Приштина. Тој сега се опоравува во болница. Новинарот бил трипати прободен со нож во неговата канцеларија од човек кого го интервјуирал пред две години.