Ирачките Курди се упатиле кон Кобани

Претставници на ирачките Курди соопштија дека десетици борци на Пешмерга силите тргнале кон сирискиот град Кобани за да им помогнат на сирискитe Курдите кои се борат против милитантите на Исламската држава. Ирачките Курди со авион стигнале до Турција, а оттаму до Кобани ќе одат по копнен пат.
Минатата недела, курдската регионална влада во Ирак дозволи распоредувањето на 150 Пешмерга борци во Кобани. А Турција дозволи тие да ја користат турската територија за да стигнат до Сирија.