Ќе се тестира вакцина против ебола

demonstrates the proper technique for donning protective gear during an ebola

Одобрено е барањето за клиничко испитување на експериментална вакцина против ебола, соопштија од швајцарската агенција која регулира нови лекови. Во соопштението од компанијата „Свисмедик“, се наведува дека тестирањето ќе биде спроведено на 120 доброволци во Универзитетската болница во Лозана со поддршка од Светската здравствена организација.

Експериментална вакцина треба да ја примаат здрави доброволци, кои потоа ќе бидат испратени како медицинскиот персонал кој треба да се бори против еболата во Западна Африка. Испитувањата во Лозана ќе започнат оваа недела, а првите резултати се очекуваат во декември.