Авганистан и Кина си ветија долгорочно партнерство

Авганистан и Кина си ветија долгорочно партнерство, за време на посетата на новиот авганистански претседател Ашраф Гани на Кина. Тој денеска ја започна тридневната официјалната посета на Пекинг. Гани вели дека во Кина гледаат стратешки партнер и дека е подготвен за нова ера во соработката со Кина. Тој се надева на продлабочување на односите.
Кина е клучен инвеститор во Авганистан.