Избрани седум судии на местото на приведените во „Јустиција“

Судскиот совет избра седум судии за скопскиот Кривичен суд, во Одделението за прекршоци, кои треба да заменат дел од судиите кои беа приведени во неодамнешната акција „Јустиција“, по што беа разрешени од должноста.

Делегираните судии ќе започнат со работа од 1 ноември 2014 година. Доколку има потреба во овој Оддел ќе бидат делегирани уште двајца судии, почнувајќи со работа од 1 јануари 2015 година.

Во акцијата „Јустиција“ вкупно беа разрешени 14 судии, од кои пет се во пензија, а девет се активни судии. Тие се притворени бидејќи заедно со 11 стручни соработници од Судот за прекршоци во Скопје преку застарување на над 8 илјади предмети го оштетиле буџетот за 1,3 милиони евра во периодот од 2010-та до 2014-та година.

Поради акцијата „Јустиција“, судот привремено функционира со четворица судии.