Српскиот претседател Николиќ, поради косовското знаме не оди во Белгија

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска нема да учествува на церемонијата во Белгија по повод стогодишнината од Првата светска војна поради тоа што на собирот ќе бидат истакнати државните симболи на Косово. Во соопштението на неговиот кабинет се наведува дека албанското малцинство на Косово не одиграло никаква улога во Првата светска војна која би го го прогласило за победник и би му овозможило да биде третирано исто како и Србија.