Украинските прозападни партии на на коалициски разговори

Украинскиот претседател Петро Порошенко беше домаќин на првата рунда разговори за формирање коалиција откако резултатите покажаа дека прозападните партии победија на парламентарните избори. Соопштено е дека тој се сретнал со премиерот Арсениј Јацењук и со Андреј Садовиј, градоначалник на градот Лвов. Според резултатите Народниот фронт на Јацењук и Блокот на Порошенко имаат освоено по 21 насто од гласовите. Блокот на Порошенко е составен од неговата партија на Солидарноста и партијата Удар на градоначалникот на Киев Витали Кличко. Се очекува Порошенко и Јацењук да објават нацрт договор за формирање коалиција. Американскиот претседател Барак Обама изборите во Украина ги оцени за успешни и за пресвртница во демократскиот развој на земјата.