Милитантите на ИД со нова снимка со заложник

Џон Кентли

Милитантите на Исламската држава објавија видео на која е прикажан британски заложник во опколениот сириски град Кобани. Тоа, според оценките, е нивен обид да ги демантираат извештаите дека ја губат битката за овој град. На видеото е прикажан 43 годишниот новинар Џон Кентли кој вели дека не биле точни американските наводи оти борците на Исламската држава се повлекувале од Кобани. Кентли бил киднапиран во Сирија во 2012 година додека известувал за војната во таа земја.