Палестинците против нови израелски населби

Израел соопшти дека ќе гради дополнителни илјада нови домови за израелски доселеници во источниот, арапски дел на Ерусалим. Од кабинетот на палестинскиот лидер Махмуд Абас е оценето дека ваквиот потег ќе доведе до опасна ескалација која може да предизвика, како што се наведува, земјотрес во регионот. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Џен Псаки изјави дека Вашингтон е длабоко загрижен поради најновите израелски планови.