Пешмерга силите никако да дојдат до Кобани

Претставник на сириските Курди ја обвини Турција дека го забавува реализирањето на спогодбата за премин на борците на Пешмерга од северен Ирак во сирискиот град Кобане.

Лидерот на партијата на сириските Курди, Салих Муслим, изјави дека силите на Пешмерга веќе три дена се подготвени да тргнат за Кобани. но дека забавувањето е заради Турција.

Турција соопшти дека е согласна 150 курдски борци од Ирак да минат преку нејзина територија за да им помогнат на сириските Курди во Кобани да го заштитат овој историски град од милитантите на Исламската држава.