Труење со токсичен гас во Иран

Иранските власти соопштија дека 130 луѓе се хоспитализирани во градот Захедан, откако вдишале токсичен гас. Властите исто така соопштија дека повеќе од 100 училишта се затворени денеска во покраината Систан-Балучистан. Околу 60 од хоспитализираните се ученици. Затруените имале проблеми со дишењето, главоболка, вртоглавица и повраќање. Гувернерот на градот, ја отфрли можноста за саботажа на градот, кој се наоѓа во близина на границата со Пакистан и Авганистан. Според него еден работник е притворен заради тоа што испуштил пестициди во канали во кои имало отпадни води, по што настанала хемиска реакција.