Хрватскиот јавен долг достигнал 77 отсто од БДП

Хрватскиот јавен долг на крајот на јуни годинава достигна 32,8 милијарди евра, што е 77 отсто од бруто домашниот производ, покажува најновиот извештај на Евростат.

Податоците на Евростат покажуваат дека вкупниот јавен долг на Хрватска е зголемен од 75,7 отсто од БДП кон крајот на минатата година, на 77 проценти до крајот на првото полугодие на 2014 година.

До крајот на годината се очекува јавниот долг на Хрватска да достигне 81,8 отсто од БДП.