ЕУ ги поздрави изворите во Украина

Европската унија го поздрави одржувањето на парламентарните избори во Украина, оценувјаќи дека тоа е победа на демократијата и проевропските реформи во земјата.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, на Твитер напиша „Честитки до луѓето во Украина за победата на демократијата и на агендата за европски реформи“.

Про-европските партии убедливо победија на парламентарните избори.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Григориј Карасин изјави дека е јасно оти изборите биле валидни и покрај прилично острата и валкана кампања, јави новинската агенција Интерфакс. Тој вели дека новата Рада ќе треба да започне дијалог со целото општество.