Смртоносен напад во ирачкиот град Џурф Ал Сахар

Ирачките власти соопштија дека бомбаш самоубиец со автомобил бомба удрил во контролен пункт во градот Џурф Ал Сахар, еден ден откако безбедносните сили го повратија градот од милитантите на Исламската држава. Бројот на загинати варира од 11 до 27 во зависност од изворите. Во нападот се повредени десетици луѓе.
Вчера ирачките војници поддржани од шиитската милиција ја повратија контролата на градот, кој беше во рацете на милитантите од крајот на јули. Градот се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град, Багдад.