Либан:Трет ден битка со бунтовниците во Триполи

Либанската армија почна со напади против сунитските милитанти во северниот град Триполи на третиот ден од борбите во вториот по големина град во земјата. Во денешните извештаи се наведува дека вооружени лица кои се смета дека се поврзани со бунтовниците од Исламска држава и Ал-Каеда се повлекуваат од стариот град во сунитскиот дел откако владините сили почнаа со напади. Најмалку шест војници, двајца цивили и девет бунтовници загинале во судирите што избувнаа пред два дена откако безбедносните сили убија тројца бунтовници. Либан е длабоко поделен на повеќе секташки линии помеѓу поддржувачите и опонентите на режимот во Сирија.