Бунтовници убија четворица полицајци во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека бунтовниците извршиле напади врз неколку полициски контролни пунктови во североисточната провинција Бадакшан убивајќи најмалку четири полицајци. Официјалните лица денеска соопштија и дека седум други полицајци се повредени во нападите. Голем број бунтовници денеска истовремено нападнале повеќе станици во областа Вардој. Засега никој не ја презема одговорноста за нападите но талибанските бунтовници често ги наѓаат авганистанските безбедносни сили и претходно ја имаат преземано одговорноста за слични напади.