Порошенко на гласачките места во Донбас

Во Украина во тек е гласањето на парламентарните избори на кои според испитувањата на јавното мислење најмногу гласови се очекува да освои партијата на актуелниот претседател Петро Порошенко. Тој денеска отиде во неочекувана посета на регионот Донбас во источниот дел од земјата. На својот профил на социјалната мрежа Твитер објави фотографии од средби со луѓе на гласачко место во Краматорск, град во областа која беше зафатена од борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, а сега е под владина контрола. За агенцијата Ројтерс Порошенко изјави дека очекува да имаат целосно нов парламент кој, како што рече, ќе одговара на новата земја и новите луѓе.
Тој подоцна се врати на гласање во Киев и на Твитер повика да се гласа за неделива, единствена и европска Украина.