Францускиот суд ја одобри екстрадицијата на казахстанскиот банкар

Апелацискиот суд во францускиот град Лион ја одобри екстрадицијата на казахстанскиот банкар Мукхтар Аблијазов кој се наоѓаше во бегство. Во одлуката донесена вчера судот наведува дека приоритет за екстрадицијата ќе и биде даден на Русија. Аблијазов е баран за проневера од Казахстан, Русија и Украина. Неговата ќерка Мадина и адвокатот Марк Феигин ја потврдија одлуката на судот наведувајќи дека банкарот ќе ја обжали на повисок суд. Тој е осомничен дека проневерил околу пет милијарди долари кога раководел со казахстанската банка БТА. Аблијазов, поранешен министер кој исто така беше и водечка опозициска фигура во Казахстан, вели дека обвинувањата против него се политички мотивирани. Тој беше уапсен на француската ривиера во јули минатата година.