Бројката на заболени од ебола надмина десет илјади

Светската здравствена организација во својот последен извештај соопшти дека бројот на заболени од ебола надминал десет илјади, а досега 4 922 лица починале. Според соопштение на СЗО до 23 месецов имало 10 141 заболени од ебола во осум земји.
Најголем дел од оваа бројка припаѓа на три од најпогодените земји во западна Африка, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, а има само десет фатални случаи надвор од овие земји. Последна земја која регистрира смртоносен случај од ебола е Мали каде што почина две годишно девојче.