Авганистанскиот претседател на аџилак во Саудиска Арабија

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја посетува Саудиска Арабија што е негова прво патување надвор од земјата откако ја презеде должноста. Гани го исполнува своето изборно ветување за аџилак во кралството. Во денешното соопштение од неговата канцеларија се наведува дека тој ќе оди на аџилак во Мека и дека во рамки на неговиот престој ќе се сретне со саудскиот крал Абдула и други претставници за да разговара за прашања од заеднички интерес. Следното закажано патување на Гани е во Кина кон крајот на месецов каде што ќе се сретне со претседателот Кси Џинпинг и со потенцијални инвеститори за обнова на Авганистан.