САД не бараат конфронтации со Русија

Соединетите држави не бараат конфронтации со Русија. Но портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки рече дека Вашингтон неможе и нема да прави компромиси за принципите врз кои почива безбедноста во Европа и Северна Америка. Псаки рече дека можеби има несогласувања, но дека остануваат посветени на поддршката на украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет. Коментарот на портпаролот на Стејт департментот доаѓа по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин кој рече дека светот станува опасно место поради, како што нагласи, обидите на САД да ја наметнат својата волја врз други земји. Зборувајќи на меѓународниот форум во Сочи, Путин рече и дека западот ги игнорирал руските легитимни интереси во Украина.САД и Европската унија воспоставија санкции за Русија откако таа го припои Крим кон својата територија и наводно ги вооружи бунтовници што се борат за независност во источна Украина.