Путин - САД вршат „едностарн диктат“

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД дека придонесуваат за ескалацијата на конфликтите во целиот свет, со тоа што наметнуваат „едностран диктат“.
Путин вели дека се зголемени ризиците од сериозни конфликти во кои се вклучуваат големи земји, а се зголемува и ризикот за кршење на договорите за наоружување. Тој исто така рече дека западните санкции кон РУсија, заради Украина, се грешка, која ќе им наштети на сите. Ние не го започнавме ова, рече Путин, мислејќи на зголемувањето на тензиите меѓу Русија и Западот.