ОН против антигеј законот во Киргистан

Еден од иницијаторите на законот.

Високиот комесар на ОН за човекови права ја повика владата во Киргистан да се воздржи од носење на законот насочен против сексуалните малцинства. Во денешното соопштение се вели дека со нацрт законот се крат основните човекови права, вклучително и правото на слобода, сигурност и физички интегритет, како и правото на изразување и мирно собирање и здружување. Минатата недела параламентот во Киргистан го усвои во прво читање нацрт законот со кој се казнуваат со затворска казна оние кои се пропагираат истополови врски. Ќе се казнуваат и новинарите кои пишуваат за хомосексуални врски, исто така се забранува и формирање на групи кои ќе ги бранат правата на сексуалните малцинства.