Ердоган - Слободната сириска армија ќе помага во Кобани

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека 1.300 борци на Слободната сириска армија ќе се приклучат на курдските сили во одбрана на градот Кобани од милитантите на Исламската држава. Ердоган е во посета на Естонија. Тој на прес конференција рече дека сириските Курди ја прифатиле помошта од Слободната сириска армија, и дека сега се разговара за тоа да се утврди транзитната рута. Но еден од шефовите на Сириските Курди, Салех Муслим рече дека допрва треба да се постигне договор.

Турскиот претседател, исто така, рече дека наместо 200 ирачки Курди, кои требаше да стигнат како помош во Кобани, сега нивниот број е намален на 150. Околу 2.000 сириски Курди се борат во Кобани против милитантите на ИД.