Груевски во Брисел разговарал за уставните измени

Премиерот Никола Груевски по денешните средби во Брисел со претставници на ЕУ, изјавил дека разговорите биле фокусирани на предложените уставни измени и подготовката на Акциски план за справување со забелешките нотирани во последниот Извештај. Премиерот вели дека најмногу време разговарале за предложеното отворање финансиски зони во Македонија и во делот на воведувањето на бракот во Уставот.

„На средбите со Филе и со Даниелсон навлеговме подлабоко во уставните измени што Владата ги предложи и ги отвори за расправа. Објаснивме многу поенти, посебно откако во меѓувреме изанализиравме голем број работи, контактиравме со Венецијанската комисија. Притоа, имам чувство дека сериозно ги доближуваме позициите со претставниците на Еврокомисијата“, изјави премиерот по средбите.