Украина - поранешна министерка за здравство проневерила пари

Поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.

Украинското обвинителство ја додаде на листата на најбарани и заменик премиерот и министер за здравство од времето на Виктор Јанукович. Поранешната министерката за здравство Раиса Бохатјорова се товари дека проневерила околу 450 илјади долари. Обвинителството соопшти дека и е одземен целиот имот на Бохатјарова, за која не се знае каде е во моментов. И Јанукович се бара во Украина за дела поврзани со корупција, проневера на пари, како и за неговата вклученост во смртоносната акција за задушувањето на протестите во февруари. Тој сега е во Русија.