Сорос повика Западот да и даде пари на Украина

Милијардерот Џорџ Сорос и украинскиот претседател Петро Порошенко, Киев, јуни 2014.

Милијардерот Џорџ Сорос изјави дека Западот треба да обезбеди голема финансиска помош за Украина со што би се помогнало да се избегне колапс во текот на зимата. Тој за „Гардијан" изјави дека на Украина итно треба да и се даде финансиска инјекција во износ од 20 милијарди долари за да си го подмират својот јавен долг.
Тој исто така рече дека на Украина и е потребна помош за реформирање на енергетскиот сектор, за да не биде толку зависна од Русија. Според Сорос, финансискиот колапс на Укрина би се одразил и на НАТО, ЕУ и САД. Тој предвидува дека по изборите во земјата, на 26 октомври, рускиот претседател Владимир Путин ќе му понуди на украинскиот претседател Петро Порошенко договор за испорака на гас, ако Порошенко постави премиер прифатливи за Путин.