Србија протестира против одлуката на МОК за Косово

Србија денеска испрати официјален протест против одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за условно признавање на Косово. Одлуката на извршниот совет на МОК, што беше донесена вчера, на Косово му дава можност да испрати своја олимписка екипа на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.

Признавањето на Косово ќе биде предложено за официјално одобрување на заседание на МОК во декември во Монако.

Српскиот олимписки комитет денеска соопшти дека „најостро ја осудува“ одлуката на МОК и поднесе официјален протест.