Врачена државната награда „23 Октомври“

Доктор Анастасика Попоска, писателот Милош Линдро, ликовниот уметник Доне Милјановски, народниот уметник и фолклорист Димитар Узунски и Македонската филхармонија се добитници на државната награда „23 Октомври“. Наградата се доделува за остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија. Државната награда „23 Октомври“ се доделува од 2007 година.

По повод 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба, делегации од Собранието, од Владата, од Министерството за одбрана, од АРМ и други, положија цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје.