Премиерот Груевски во Брисел

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ќе учествува на редовниот Самит на Европската народна партија во Брисел. Меѓу присутните на Самитот во Брисел по правило се и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, премиерите на Унгарија Виктор Орбан и на Полска Доналд Туск.

Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја претставува Македонија во присуство на лидерите на земји-членки на Европската унија како и на претседателите на народните политички партии во Европа.