Во воздушните напади во Сирија, убиени стотици исламски борци

Во воздушните напади предводени од САД во Сирија, се убиени 521 исламски борци и 32 цивили, откако е почната воздушната кампања во земјата, соопштија од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Според нив во тој период загинале 464 милитанти на Исламската држава. Во нападите низ Сирија, исто така се убиени уште 57 членови на Ал Нусра, огранок на Ал Каеда.