Рама: Србија да признае дека Косово не е нејзин дел

албанскиот премиер Еди Рама

Колку побрзо Србија официјално признае дека Косово никогаш повеќе нема да биде нејзин дел, толку подобро ќе биде и за неа и за регионот, изјави вчера албанскиот премиер Еди Рама, додавајќи дека силно чувствува и верува оти тие тоа го направиле, но се уште не го кажале. Според него, Албанија и Србија мора да се обидат да го решат повеќедецениското непријателство, фокусирајќи се врз важни прашања, како што е на пример заедничката желба за членство во ЕУ, а не на минатонеделните несогласувања поради фудбалскиот натпревар. Тој истакна дека со меѓународната политика „не треба да управуваат фудбалските натпревари“. Рама вчера требаше да допатува во посета на Белград, меѓутоа таа е одложена за 10 ноември по инцидентот на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград.