Ирачките курди ќе испратат борци во Кобани

Парламентот на ирачките курди одобри испраќање курдски борци во опколениот сириски град Кобани за да им помогнат на тамошните курди кои неколку недели се борат против милитантите на Исламската држава. Се уште не е јасно за колкав број на курдски борци станува збор. Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека било погрешно тоа што Соединетите држави со авиони исфрлале оружје и муниција за курдските борци во Кобани. Според него, дел од тоа оружје паднало во рацете на милитантите. Сојузниците, предводени од Соединетите држави ги продолжуваат воздушните напади врз позиции на милитантите во Сирија и Ирак.