Албанската полиција приведе 76 Сиријци

Албанската полиција на албанско-грчката граница, открила и привела голема група емигранти. Според полицијата, групата ја сочинувале 76 Сиријци, од нив девет жени и седум деца. Емигрантите, како што изјавиле ја минале границата илегално, а целта им била да го продолжат патот кон Црна Гора, а од таму во некоја западноевропска земја.

Во последните десетина дена ова е трет случај на откриени емигранти во близина на јужните градови Ѓирокастро и Саранда. Во пртетходните два случаи кај Ѓирокастро беа откриени 33 сириски државјани, додека кај Саранда 35 емигранти од Сирија и Пакистан.