Ердоган - Погрешно е снабдувањето со оружје од воздух во Курди

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека било погрешно САД од воздух да ги снабдуваат со оружје сириските Курди, кои го штитат пограничниот град Кобани, бидејќи дел од арсеналот бил одземен од милитантите на Исламска држава (ИД), кои го опколиле градот.

„Тоа што беше направено се покажа погрешно, бидејќи некои од оружјата, кои беа пуштени од авионите С-130, беа одземени од ИД“, истакна Ердоган на прес-конференција во Анкара.