Голема акција во БиХ против организиран криминал

Во голема полициска операција во БиХ, приведени се девет луѓе под сомнение за организиран криминал, поврзано со финансиски злоупотреби и корупција.

Членовите на групата се осомничени дека со фалсификувани договори извлекувале пари и имале незаконски профит од над пет милиони евра за фиктивно закупување телевизиски права и услуги кои во најголем дел не биле реализирани.

Над 100 припадници на Агенцијата за истрага и заштита и на полицијата извршиле претрес во 17 објекти во Сараево, Бања Лука, Мостар, Посуше и Груде. Истрагата се водела во соработка со полицијата и правосудните органи во Словенија и Хрватска.