Протести во Иран против напади со киселина на жени

Илјадници Иранци во Техеран и во Исфахан протестираа денеска против неколкуте неодамнешни случаи кога жени кои не биле „соодветно покриени“ беа испрскани со киселина. Стотици луѓе протестираа пред Парламентот во Техеран, а протести имало и пред Министерството за правда во Исфахан, каде имаше напади со киселина на жени.
Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишува „ Да се обезбеди сигурност за жените“ и извикувале дека нападот со киселина е казниво дело. Заменик-гувернерот на Исфахан рече дека протестот е нелегален, а протестите ги следеле голем број на полицајци. На протестот присуствуваа и жени кои преживеале напад со киселина.