Грузија - поранешен министер во затвор за мачење затвореници

Поранешниот грузиски министер за одбрана Бачо Ахалаиа.

Поранешниот грузиски министер за одбрана Бачо Ахалаиа е осуден на 7,5 години затвор за мачење на затвореници во 2007 година. Градскиoт суд во Тбилиси, освен него, на казни затвор осуди и други високи службеници во Министерството. Министерот е веќе во затвор, обвинет за други злосторства. Ахалаиа кој едно време беше министер за внатрешни работи, ги отфрли обвиненијата.