Пари од ЕУ за социјален дијалог во Македонија

Со средства од ЕУ ќе се унапредува социјалниот дијалог во Македонија. Проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ќе се спроведува во наредните две години. Тој за цел ќе има зајакнување на трипартитниот социјален дијалог на национално и локално ниво, поттикнување на колективното договарање и воспоставување секторски инфраструктури за колективни договори и воспоставување оперативен механизам за озвозможување пријателско решавање работни спорови.

Министерот за ттруд и социјална работа, Дием Спасов вели дека и досега е постигнат огромен напредок во унапредување на социјалниот дијалог во Македонија. Евроамбасадорот Аиво Орав потенцира дека социјалниот дијалог е од исклучителна важност за секоја држава. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски е задоволен од напредокот на социјалниот дијалог во земјава досега, но се надева дека сите вклучени социјални партнери ќе го искористат проектот за дополнително збогатување на капацитетите.