Во САД на Малала и е врачен Медал на слободата

Пакистанката Малала Јуасфзаи, која годинава ја доби Нобеловата награда за мир, синоќа во Филаделфија го прими Медалот на слободата за нејзината храброст и решителност во областа на заштитата на човековите права. Паричната награда од 100 илјади долари таа ги намени за образованието во нејзината земја. Пред две години талибанците се обидоа да ја убијат Малала поради нејзината кампања за едукација на девојчињата во Пакистан. 17 годишната Малала стана најмладиот добитник на Нобеловата награда заедно со Каилаш Сатиарти од Индија за нивната борба против репресијата над децата.