Министерот Јолевски во посета на Србија

Министерот за одбрана на Македонија Зоран Јолевски

Министерот за одбрана на Македонија Зоран Јолевски денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Србија. За време на посетата тој ќе се сретне со неговиот српски колега Братислав Гашиќ, како и со претседателот на Комитетот за одбрана и внатрешни работи во српскиот Парламент Марија Обрадовиќ. Како што е најави министерството за одбрана, министерот Јолевски ќе ги посети Воената академија и Военомедицинската академија во Белград.