Телефонски разговор Путин - Порошенко

Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Петро Порошенко во денешниот телефонски разговор ја истакале важноста на поддршката на мировниот процес во Украина и набљудувањето на прекинот на огнот, соопшти Кремљ. Двајцата претседатели разговарале и за снабдувањето на руски гас на Украина, се наведува во соопштението. Русија ја зголеми цената на гасот по соборувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович, а во јуни целосно го сопре снабдувањето, откако Киев не успеа да го подмири долгот. За време на минатонеделниот самит во Милано, двајцата претседатели разговараа за ова прашање, а Порошенко рече дека е направен одреден напредок.