Експлозии во Багдад, најамлку 40 жртви

Најмалку 12 луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени, во експлозии на два автомобили бомби во шиитски дел на Багдад. Експлозиите се случиле на паркинг во северен Багдад. Во бомбашки напади во други делови на градот загинаа уште деветмина луѓе. Во вчерашните напади во мнозинско шиитски населби во Ирак, пак, загинаа 33 луѓе. Исламската држава ја презеде одговорноста за неколку големи бомбашки напади. Оваа милитантна сунитска организација ја презеде контролата врз големи делови од северен и западен Ирак, како и врз делови од соседна Сирија.