Русија, Украина и ЕУ на средба за гасот

Претставници на Русија, Украина и на Европската унија денеска ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за спорот за гасот. На средбата ќе учествуваат рускиот министер за енергија Александр Новак, неговиот украински колега Јури Продан и Комесарот за енергија на ЕУ, Гунтер Отингер.

Русија ја зголеми цената за испорачан гас за Киев, откако претседателот Виктор Јанукович беше симнат од власт, а во јуни беше и прекинат дотур на гас, откако Киев не успеа да ја плати повисоката цена. Претходно за ова прашање разговараа и претседателите на Русија и на Украина на Самитот во Милано, и соопштија дека е постигнат одреден напредок. Украинскиот претседател Петро Поронешко рече дека првично е договорена цена од 385 долари за 1.000 кубни метри гас, што е за 100 долари помалку отколку што бараше Русија.