Иран - почина претседателот на Собранието на експерти

Ајтолахот Мадави Кани.

Претседателот на едно од највлијателните институции во Иран, Собранието на експерти, почина на 83 годишна возраст, јавија иранските медиуми. Ајтолахот Мадави Кани, почина од срцеви проблеми, тој беше во кома од јуни, кога доживеа инфаркт. Претседателот на Иран Хасан Рохани, прогласи дводневна жалост за Кани. Тој во осумдесетите години на минатиот век беше премиер и министер за надворешни работи. Кани дојде на чело на Собранието на експерти во јуни 2011 и се сметаше за умерен конзервативец. Собранието на експерти е задолжено за именување и разрешување на иранскиот врховен лидер и следење на неговата работа.