Можни подемократски избори во Хонг Конг?

Лидерот на Хонг Конг, Леунг Чун Јинг.

Лидерот на Хонг Конг, Леунг Чун Јинг денеска изјави дека има повеќе простор изборите во 2017 да се направат подемократски, Тој вели дека има простор за дискусија по тоа прашање за да може Комитет кој го врши изборот на кандидати за изборите да биде подемократски. Оваа негова изјава е прв показател за можни отстапки кон продемократските демонстранти кои со недели ги блокираат улиците во центарот на градот. Тие бараат изборни реформи, односно поголемо право да одлучуваат кој ќе им биде лидер.