Бандиќ ги отфрлил сите обвиненијата

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, за време на распитот ги отфрлил сите обвиненија за учество во корупциски зделки. По сoслушувањето, тој бил вратен во истражниот затвор. Адвокатот на Бандиќ изјави дека неговиот клиент ги отфрлил сите обвиненија.

Градоначалникот на Загреб и уште неколку лица беа уапсени во неделата, под сомнениа за кривични дела, поврзани со корупција, злоупотреба на службената положба и трговија со влијание.